Рускиот премиер Михаил Мишустин вчера потпиша резолуција со која бара Москва да се повлече од Европската конвенција за спречување на тортура, пишува Kyiv Independent.
Иако Русија формално останува потписник на конвенцијата, воените злосторства и тортурата на Русија врз украински цивили и војници се документирани постојано, додава Kyiv Independent.
Резолуцијата го повикува рускиот претседател Владимир Путин да ја повлече Русија од деценискиот договор.
„До претседателот на Руската Федерација се поднесува предлог за раскинување на Европската конвенција за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување“, се наведува во текстот на резолуцијата.
Дејствијата на Русија на окупираните украински територии дополнително го потврдуваат нејзиното непочитување на меѓународните механизми за заштита, според украинските медиуми./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...