Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија нема да се придружи на иницијативата на западните сојузници за признавање на палестинска држава на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.

Мерц го објави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание, по слични најави од Франција и Велика Британија, пренесува Ројтерс.

„Ставот на федералната влада е јасен, во врска со евентуалното признавање на државата Палестина. Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива. Не гледаме дека условите се исполнети“, рече Мерц./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ураганот Мелиса – катастрофален ураган од категорија 5 ќе ја погоди Јамајка

ДЕСК

Нетанјаху бесен: „Хамас ни ги врати останките од веќе закопан заложник“

C +

Зеленски потврди дека Русите влегле во Покровск

C +