26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / JS images
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен.

Прогноза за 27.08.2025
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 28.08.2025
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 29.08.2025
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

C +

Професорот Горан Марковски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје

C +

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

C +