10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Седум пожари денеска во Македонија, три изгаснати

На територијата на Македонија имаше вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола и изгаснати се три пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се еден пожар во Општина Долнени, во село Долгаец каде гори мешана шума и еден пожар на влезот на Крушево каде гори депонија.

Под контрола е пожарот во Јасен, и еден пожар на планината Кожуф каде гори висока шума.

Изгаснати се пожари во Општина Штип: с. Судик (стрниште); Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација) и во Општина Куманово: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +