Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Водата во Скопје била безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.08.2025 до 22.08.2025 зема 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Шпанија во Мадрид

ДЕСК

Истрага за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Ги прошируваме капацитетите на Јохан Хајнрих Песталоци, го санираме покривот и создаваме подобри услови за учениците

ДЕСК