24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на официјалната церемонија за потпишување на Меморандумот за разбирање и соработка за развој на пазарот на капитал, која ќе се одржи на 25 август 2025 година (понеделник) во Загреб, Република Хрватска.

Настанот се организира од страна на Министерството за финансии на Република Хрватска и претставува регионална иницијатива во која учествуваат земјите Хрватска, Бугарија, Унгарија, РС Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Со потпишувањето на Меморандумот ќе се потврди заедничката определба за унапредување на соработката во областа на пазарите на капитал, преку подобрување на законодавството и регулативата, интеграција на инфраструктурата, дигитализација и хармонизација.

Оваа иницијатива има за цел да испрати силен сигнал до инвеститорите, пазарите и меѓународните партнери дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се посветени на координирани и усогласени реформи, како и на создавање услови за долгорочен и одржлив економски раст.

Во рамки на настанот, министерката ќе учествува и на министерски панел,на кој ќе размени искуства и најдобри практики со своите колеги од регионот.

Учеството на министерката Димитриеска-Кочоска на овој значаен настан претставува потврда за заложбата на РС Македонија за продлабочување на регионалната економска соработка и за активно вклучување во иницијативи кои придонесуваат за развој на пазарите и зајакнување на довербата на инвеститорите.

Можеби ќе ве интересира

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК

Митовски: ВМРО-ДПМНЕ и Стефковски имаат 0 реализирани ветувања во Гази Баба, 4 години разочарувања

ДЕСК