14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и подобрување на капацитетите на Владата.

„Ние ќе се менуваме и надоградуваме врз основа на потребите на граѓаните. Ниту една функција не е загарантирана ниту вечна. Затоа веднаш после изборите ќе ги отвориме вратите на партијата за нови луѓе, а во Владата ќе има реконструкција. Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши, туку дека секогаш е потребен зголемен капацитет и посилно темпо за промените кои ги правиме“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Македонија нема да се врати во минатото и дека граѓаните ќе им кажат „не“ на СДСМ и ДУИ.

„ДУИ уште долго ќе биде во опозиција. Таму припаѓаат заедно со нивниот коалициски партнер во криминалот, СДСМ. Овие избори нема да бидат нивната врата кон Владата, а интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски остро ги обвини СДСМ и ДУИ за тајни договори на штета на народот.

„Повеќе од јасно е дека овие две партии имаат сценарио – не за народот, туку против народот. Со фантомски листи и независни кандидатури сакаат да го урнат изборниот процес, да го збунат гласачот и да ја заматат сликата за нивниот историски пораз кој доаѓа“, истакна тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

ДЕСК

Данилоски: Четири години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – четири години застој, лаги и неработење!

ДЕСК

По десет илјади денари за секое новороденче ветување за оваа општина

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.