Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн:
Во Охрид, четири години поминаа како да не постоеле локална власт. Нема ниту еден нов крупен проект, нема урбанистички ред, нема туристички развој.
Градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ пред четири години им ветија на охриѓани низа проекти кои денес се само празни зборови на хартија. Останаа само разочарувањата.
Времето покажа дека ниту еден од тие проекти не е реализиран, а граѓаните повторно се изневерени од ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков.
1. Плоштад „Крушевска Република“ – Ветена реконструкција, резултат нула. Просторот е во катастрофална состојба и далеку од уреден. Може да се види само бетон и хаотично поставени плочи.
2. Катни гаражи – Најавени на неколку локации – кај „Ривиера“, кај СВР Охрид, кај „Градски пазар“. Реализација: нула. Сообраќајниот хаос во Охрид е сè поголем, а решенија нема.
Сега пред избори граѓаните добиваат ново ветување дека ќе добијат катна гаража, меѓутоа после 4 години локалната власт нема образ за нови ветувања.
3. Пречистителна станица во Трпејца. Големо ветување кое требаше да го заштити езерото и да им обезбеди подобри услови на жителите. После 4 години, се’ уште не е ниту заполната реализацијата, за шро сведочат самите жители.
4. Велосипедска патека Св. Стефан. Проект кој требаше да донесе развој на туризмот и безбедност на велосипедистите. Четири години подоцна – ниту започнат, ниту некогаш повторно спомнат .
5. Во областа на туризмот од програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите имаше големи ветувања, меѓу кои:
-Формирање стратешки сојузи и партнерства со туристичките претставници и поврзување со туристички дестинации во Албанија.
– Еко туризам – мапирање и прогласување на заштитени зони (Галичица, Косел, Студенчишкo Блато).
-Изградба и адаптација на капацитети и плажи за лица со посебни потреби.
– Изградба на pet friendly плажи.
– Развој и промоција на алпинизмот.
Резултат: НИШТО. Ниту еден од овие ветени проекти не е започнат, а уште помалку реализиран.
Наместо развој, единствено што видовме е реконструкција на улица „Македонски Просветители“ – проект кој беше 80% завршен од претходната власт и воедно најголемиот успех на оваа локална самоуправа.
Наместо развој охриѓани живеат во тотален урбанистички хаос досега невиден, дишат најзагаден воздух до сега .
Охрид бисерот на Балканов во моментов е еден од најзагадените градови и мета на секаков потсмев кај туристите.
Ова мора да се промени. Охрид е град со душа, кој бара и заслужува сериозна, одговорна и способна локана власт. Охриѓани гледаат и охриѓани ќе пресечат.
Време е за промени во Охрид, за нова енергија, за проекти.
Затоа што Охрид не смее да изгуби уште 4 години.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...