23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Серија апсења во Скопје, на Блаце и Табановце

На 22.08.2025 во 09:50 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода лице(20) од с.Нов Караорман, штипско и маж(37) од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 22.08.2025 во 10:15 часот и на 23.08.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Е.(30) од Република Албанија и Д.Ш.(23) од Косово. При гранични проверки било констатирано дека С.Е. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Белгија, додека Д.Ш. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Двајцата биле предадени на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР за понатамошна постапка.

На 22.08.2025 во 22:45 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.В.(42) од Република Албанија. При гранични проверки и контрола на патничко возило „мерцедес“ со албанска национална ознака со приколка, кое го управувал, било констатирано дека серискиот број на приколката бил фалсификуван. По целосно расчистувцање и документирање на случајоит, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК