23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Девојка прегази маж – пешакот починал, таa е повредена

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје -Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М.(53) од Украина.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК