23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На Табановце се чека до 15 минути за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот е зголемен, особено надвор од градските средини, поради летните одмори.

На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 10 до 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од земјата.

Во меѓувреме, поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е целосно затворен за сообраќај.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои можност за појава на одрони. Како критични делници се посочуваат патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК