22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Кочани

На 21.08.2025 околу 15:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на кружен тек од ул.„Стево Теодосиевски“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Глигор Апостоловски-Гочо“ и ул.„Никола Карев“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.П.(71) од Кочани и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(20) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Можеби ќе ве интересира

УХМР со метео предупредување – силен ветер

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК