Легендарната пејачка Габи Новак, чиј глас ги одбележа животите на генерации од цела поранешна Југославија, почина на 11 август.
Габи Новак беше погребана на Мирогој во семејната гробница. Нејзиниот погреб беше одржан во понеделникот во кругот на семејството, во крематориумот во Загреб, во согласност со нејзините желби, јавуваат денес хрватските медиуми.
Нејзината урна беше поставена во семејната гробница на Мирогој, каде што беа погребани нејзиниот сопруг Арсен Дедиќ, синот Матија Дедиќ и мајката Елизабета Рајман./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...