Учеството на меѓународниот музички натпревар Интервизија во Русија го потврдија и САД, покрај 20 други земји од светот. САД ќе го испратат пејачот Брендон Хауард на натпреварот, кој ќе се одржи во Москва на 20 септември.
Постојат шпекулации дека Хауард е син на Мајкл Џексон иако нема докази што ги поткрепуваат овие тврдења.
Меѓу учесниците се Белорусија, Киргистан, Венецуела, Куба, Катар и Казахстан.
Русија ќе ја претставува поп-пејачот Шаман, кој беше санкциониран од ЕУ поради учество на концерти организирани од Кремљ.
Интервизија, алтернативата на Евровизија од советската ера, се одржуваше од 1965 до 1968 година и од 1977 до 1980 година во Чехословачка и во Полска.
Откако на Русија ѝ беше забрането учество на Евровизија 2022 поради војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин повторно ја иницира организацијата на Интервизија./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...