22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

– Ценам дека е добро што на лице место излеговме на самиот би рекол цевковод, траса од хидросистем Ѓавато да лично се увериме и видиме што се случувало би рекол повеќе од две децении, од како е направен овој хидросистем и да можеме од лице место да направиме одредена дијагностика по којашто потоа ќе постапуваме, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Македонија при посетата на Дојран денеска.

– Како што кажа и заменик-министерот во МЖСПП, Ане Лашкоска детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, практично цевки коишто треба водата да ја донесат до базенот од каде со други пумпи потоа водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро, што значи дека се трошат ресурси за систем којшто 3, 4 години функционира вака со расипан цевковод.

Фото Влада

Благодарение на општествено одговорна компанија, се пристапи кон санирање на овие дефекти, ќе биде во најскоро време санирано, јас очекувам во наредните неколку дена да бидат и санирани овие цевководи, со што ќе се зголеми огромен капацитет на вода којашто ќе доаѓа до резервоарот од каде со други пумпи потоа ќе биде пренасочена кон Дојранското Езеро, додаде Мицкоски

Мицкоски рече дека станува збор за 2 бунарски потопни пумпи, капацитетот како што гледате овдека е 10, другите 8 не работат. Овие 2 имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја иако вкупниот капацитет на хидросистемот е 1 кубик односно 1.000 литри во секунда.

– Во периодот којшто следи планираме најмалку во најскоро време 4 да оспособиме, а потоа уште дополнителни 2 со што цениме дека ќе биде исцрпен целосно капацитетот за во најскоро време Дојранското Езеро да го добие оној изглед којшто заслужува да го добие, да го користат сите граѓани. Но, не и само граѓаните од овој цевковод во одредени периоди од годината со вода се снабдува Богданци, но и земјоделците еве гледате можеби поради недостаток на вода голем дел од полето останува необработено, тоа значи помалку произведена храна, повеќе увезена храна, рече Мицкоски.

фото Влада

– Сакаме системски да пристапиме кон сето ова и пристапуваме системски. Во насока на тоа системско пристапување, покрај овие бунари и санација на овие цевководи и пумпи и тие пумпи коишто се потисни коишто ја буткаат условно кажано водата кон Дојранското Езеро ќе бидат санирани.

На следната седница на Влада ќе донесеме одлука фабриката за опрема и делови, при склоп на РЕК Битола две да демонтира, да ги санира и потоа да ги монтира. Во комуникација со инженерите од РЕК Битола добив информација дека во рамките на 10 дена од демонтажа до монтажа и тие ќе бидат целосно санирани.

Исто така инженери дојдоа на лице место да го скенираат просторот ова е земјиште кое е сопственост на Република Македонија, и тука практично во догледно време ќе бидат инсталирани соларни панели, бидејќи сметките за електрична енергија се на ниво од 200.000 евра месечно, тоа значи 2.500.000 евра годишно.

фото Влада

Со инсталирање на тие сончеви панели и батериски системи, инсталираната моќност проценивме дека ќе биде околу 2 мегавати и 4 мегават часа батериски системи, сметките драматично ќе се намалат и заштедата ќе биде огромна и со средствата што ќе се заштедуваат ќе се користат за одржување на цевководот и за одржување на хидросистемот Ѓавато, а со тоа ќе се овозможи поголем достап на земјоделци до водата за наводнување на земјоделските површини.

Фото Влада

Така што пристапуваме кон санирање на хидросистемот Ѓавато системски и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален.

На вас медиумите Ви благодарам што и денеска, тука од лице место бевте со нас за да и вие се уверите за што станува збор и како системската негрижа со години наназад 3-4 години и покрај тоа што вработените од хидросистемот апелирале кон претходната Влада, не наоѓале на одговор од страна на надлежните., изјави премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Додека бил на преглед му се слошило и починал во градска – наредена обдукција

ДЕСК

Исчезна пензионерка до Скопје, полицијата во потрага

ДЕСК

Скопјанка на возраст од 20 години агресивно се однесувала кон полицајци во 3 по полноќ, веднаш е приведена

ДЕСК