22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната.

„Оваа војна мора да заврши. Путин не разбира ништо освен сила и притисок. Секако, ние правиме и ќе направиме сè што е потребно за да ја заштитиме нашата земја и народ“, рече Зеленски синоќа во вечерно видео обраќање.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп е апсолутно во право кога вели дека е невозможно да се добие војна само преку одбрана, објави Укринформ.

„Во исто време, не ги намалуваме нашите напори во дипломатијата, како и преку сите наши контакти со партнерите, за да можат преговорите сè уште да се реализираат, и тоа токму оние што би нè доближиле до мир“, рече украинскиот функционер.

Тој додаде дека советниците за национална безбедност, Врховниот командант на армијата, како и Генералштабот работат на воената компонента на безбедносните гаранции на Украина.

„Секој ден ги додаваме контурите на идната безбедносна архитектура на Украина. Тие се однесуваат на оружје, финансии, интеракција со нашите партнери, сили на копно, во воздух и на море“, рече Зеленски.

Тој се осврна и на обвинувањата на Трамп против поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и изјавата дека „тој не ѝ дозволил на Украина да се бори, туку само да се брани“, велејќи дека американскиот лидер е апсолутно во право./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Две жени се удавија во морето во Бугарија

C +

(Видео) Ова е украинскoто Фламинго – ракета што може да го промени текот на војната

C +

Ким Јонг Ун на колена: Првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

C +