21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Интензивно се работи на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода, со сместувачки капацитет за 70 дечиња

– Задоволството е огромно кога гледате како работите напредуваат, посебно кога станува збор за нашите најмлади, за дечињата. За неколку недели од денеска овој објект ќе биде целосно функционален и во годините коишто следат би требало да биде дом на отприлика 70-тина дечиња. И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кисела Вода. Изјавата во продолжение:

Наследивме, би рекол, една прилично хаотична и катастрофална состојба. За дел од проблемите коишто ги наследивме зборуваше и градоначалникот, зборуваше и заменик-министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, но полека но, сигурно се надминуваат тие предизвици, посебно кога станува збор со листите на чекање за дечињата, но и за кадарот којшто треба да работи со децата во градинките.

Така што главен наш приоритет ќе продолжи да биде ова, односно изработка на инфраструктура, од проста причина што демографијата е еден од водечките предизвици коишто оваа Влада ќе треба во годините коишто следат да ги совлада. Затоа што демографијата подразбира каква иднина ќе имаме, дали ќе имаме иднина со многу дечиња или иднина во којашто за жал ќе биде и нацијата доведена под знак на прашање.
Еден од тие параметри во таа равенка е токму обезбедување доволно сместувачки капацитети за дечињата, бидејќи најголемиот дел од младите кога ги прашувате, како одговор кажуваат зошто не се одлучуваат на формирање семејство или многудетно семејство е токму листите на чекање во градинките.

Така што, еве ние како Влада ќе работиме да нема листи на чекање, да има повеќе ваков тип на капацитети за повеќе дечиња. Тоа е она кое што е основна и суштинска политика на оваа Влада.

Јас на крај би сакал да му честитам на градоначалникот на Кисела Вода за посветената работа, овде изминативе речиси четири години. Слушнавте колку објекти од листа на чекање повеќе од 400 дечиња, сега ќе сведеме на нула, нема да има таква. Да се заблагодарам за посветеноста на пратеничката, на членовите на Советот, на администрацијата во рамките на Општина Кисела Вода, на сите оние коишто допринесоа Општина Кисела Вода да функционира навистина, би рекол одлично. Да му се заблагодарам на заменикот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на министерот на луѓето коишто неуморно работеа изминативе речиси 14 месеци да совладаат предизвици коишто беа наследени од минатото и очекувам така да продолжат во годините коишто следат. И да реализираме уште многу вакви проекти.

Ете тоа би било она коешто го би имал јас да го кажам и набргу од денеска оваа градинка, овој објект да биде ставен во функција. Тоа го посакувам на директорката и на сите тие коишто ќе го поминуваат денот тука во овој објект.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

C +

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +