21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

УЈП: Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули – повик за подмирување на долговите

По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски.

„Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок“, се наведува во соопштението.

Управата за јавни приходи во текот на вчерашниот ден достави персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски и апелира веднаш да го извршат плаќањето.

Овие средства се дел од јавните приходи кои припаѓаат на граѓаните и обезбедуваат редовно финансирање на буџетските потреби, здравството, образованието и социјалната сигурност.

УЈП остро потсетува дека во следните денови ќе се преземат законските мерки за присилна наплата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 21.08.2025 – Колку е доларот, а колку еврото во четврток?

ДЕСК

Почна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани

C +

„Божиновска и Колумбија: Заедничка визија за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и поддршка на граѓаните од ранливите категории“

ДЕСК