Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека започнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски.
Во изјава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ја опиша средбата со украинскиот претседател и другите европски партнери „многу добра“.
Во Белата куќа присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стаб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Зеленски се огласи на социјаните мрежи
„Вчера во Вашингтон се одржаа важни разговори со претседателот на Соединетите Американски Држави и европските лидери. Ова беше навистина значаен чекор кон завршување на војната и обезбедување на безбедноста на Украина и нашиот народ.
Веќе работиме на специфичната содржина на безбедносните гаранции. Денес продолжуваме со координацијата на ниво на лидери. Ќе има дискусии и подготвуваме соодветни формати. Ќе продолжиме да работиме утре. Советниците за национална безбедност сега се исто така во постојан контакт. Ќе има безбедносни гаранции.
Им се заблагодарувам на сите наши партнери за нивната решителност и поддршка. Украина ја чувствува оваа сила. И ние ќе направиме сè за да го направиме патот кон мирот реалност – преку партнерство, преку безбедносни гаранции и преку храброста на украинскиот народ“, објави Зеленски на Икс./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...