5. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност. Владејачкото мнозинсто е светлосни години далеку од потребното бадентеровото мнозинство, што само по себе е индикатор за постоење на политича криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на политичките процеси. Навидум стабилните бројки во парламентот не значат и стабилен систем, порача Андреј Жерновски на социјалните мрежи.

– Одлуките за кои ке биде неопходно мнозинство гласови од заедниците тропаат на врата, при што за неможноста и немоќноста да се избере Народен правобранител, Брисел веќе губи трпение.

Саботниот дебакл на владејачката коалиција во Собранието недвосмислено покажа дека претстои период на реална нефункционалност и дека се разнишани “стабилните” темели што премиерот тврдеше дека ги изградил во првата година од неговиот мандат. Ако се ова тие темели за иднината, тогаш е јасно дека со оваа и ваква влада, Македонија нема никаква иднина.

Токму затоа, иако се подготвува за локалните, очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредните парламентарни избори, порача Жерновски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

C +

СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

C +

Гичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе

C +