18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Историски момент за земјоделство, од македонските земјоделци се откупуваат 9.000 тони пченица по 13 денари за килограм за државните потреби

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Македонија испишува нова, позитивна и убава историја како за државата, така и за македонските земјоделци.

Се вреднува и се исплаќа трудот и маката на земјоделците и со македонски производи се полнат државните резерви.

За прв пат во историјата, државните стоковни резерви се полнат со пченица купена од земјоделците производители.

Наместо од трговци, кои препродаваа српска пченица, на што ставаа дебели маржи, сега парите и профитот ќе одат директно кај македонскиот земјоделец.

Објавен е повикот за откуп на домашна пченица од реколтата 2025 година за потребите на државните стоковни резерви.

Ќе се откупат 9.000 тони пченица по цена 13 денари за килограм од регистрираните производители на земјоделски производи.

Ова претставува значајна поддршка за македонските земјоделци, што го потврдува стратешкиот приоритет на Владата за заштита и поддршка на домашното земјоделско производство.

Државата повеќе не е каса за бизнис зделки за поединци, туку сервис за сите, каде парите завршуваат кај народот и вистинските земјоделци.

Можеби ќе ве интересира

Се судрија автомобили и автобус кај Клапкин дол – Има повеќе повредени, меѓу кои и малолетници

ДЕСК

СДСМ: Обвинителството е на потег за милионските злоупотреби во Еразмус+ кои водат до ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

ДЕСК