18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ЈС/Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата и ГП Богородица за излез е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Човечка жртва во тешката сообраќајка кај Ресен, има и повредени – едно од возилата се запали

ДЕСК

Невремето кое зафати делови од Скопје се насочи кон Куманово – УХМР со нови информации

ДЕСК

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

ДЕСК