17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Урсула фон дер Лајен: Одам со Зеленски во Вашингтон

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека утре ќе патува во Вашингтон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Таа изјави дека самиот Зеленски ја повикал да му се придружи на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп. Додаде дека неколку европски лидери ќе ѝ се придружат во Вашингтон, но не прецизираше кои се тие. „Политико“ претходно објави дека еден од нив ќе биде финскиот претседател Александар Стаб, а можеби и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Зеленски ќе се сретне со фон дер Лајен во Брисел во текот на денот, а потоа заедно ќе отпатуваат за САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп го има најбогатиот кабинет во историјата

C +

И Макрон оди во Вашингтон со Зеленски, потврдено и пристигнувањето на шефот на НАТО и Мерц

C +

Мелони планира да присуствува на средбата меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон

C +