Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со Владимир Путин во Алјаска, изјави дека сака „директно да оди кон мировен договор“, наместо кон прекин на огнот, по што би следеле преговори за крај на војната. Тоа е изјава која, како што пишува „Би-би-си“ во анализа на ситуацијата, звучи зачудувачко, но во исто време го одразува светот во кој живее Трамп.
За време на изборната кампања, Трамп рече дека војната во Украина ќе заврши за еден ден. Потоа ја смени во 100 дена, потсетува BBC.
Трамп е горд што ја напишал книгата „Уметноста на договорот“, но мирот во оваа област не е само договор меѓу двете страни. Тоа е регион каде што се испреплетени историските спорови и длабоко вкоренетите непријателства.
Како и во сите преговори од оваа сложеност, договор може да се постигне само ако двете страни покажат подготвеност да направат отстапки. А во моментов тоа не е случај, според Би-Би-Си.
За Киев, не станува збор само за територија, туку и за суверенитет. Путин постојано повторува дека не ја гледа Украина како вистинска земја, туку како дел од Русија, се додава./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...