17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, ВЛАЖНА ВОЗДУШНА МАСА НОСИ СИЛНО НЕВРЕМЕ: Синоптичарите излегоа со МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утре се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје, утре попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК