17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.

Додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши.

Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК