17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, возеле под дејство на алкохол, двајца предизвикале и сообраќајни несреќи

На 16.08.2025 во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода лице(55) од Неготино, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР Кавадарци лишија од слобода лице(24) од Кавадарци, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 23:25 часот на бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода лице(48) од Куманово, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 22:15 часот на ул. „Св. Нектариј Битолски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода лице(48) од с.Баница, струмичко, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Малолетник претепан во Куманово

ДЕСК

Крвава масовна тепачка го потресе Скопје синоќа меѓу десетина граѓани – со болнички пренесени повеќемина тешко повредени, има уапсени

ДЕСК

Ограбен сеф од локал во Скопје – полицијата во потрага

ДЕСК