6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Каде остана ветувањето на ВРЕДИ за 10.000 евра за секој граѓанин?

Соопштение на ДУИ:

Каде остана големото пропагандно ветување на коалицијата ВРЕДИ за 10.000 евра за секој граѓанин на нашата држава? По една и пол година власт, во пресрет на локалните избори, граѓаните сè уште не видоа ниту еден цент од оваа гласна најава.

Наместо резултати, секојдневно гледаме докази за внатрешни поделби и меѓусебни обвинувања за корупција меѓу раководството на оваа коалиција. Тоа јасно покажува дека ветувањата не беа дадени за граѓаните, туку за тесни политички и лични интереси.

Билансот на измамите на ВРЕДИ:
• Ветија 2.500 вработувања, граѓаните завршија со нула.
• Ветија 10.000 евра за секој граѓанин, граѓаните завршија со нула.
• Ветија Албанска академија на науките, го донесоа Додик.
• Ветија албанска банка, ја донесоа српската банка.
• Ветија уставни измени и европска интеграција, го донесоа српскиот свет.
• Ветија национални програми, го донесоа српскиот МТЕЛ.

ВРЕДИ е голема политичка измама која скапо ги чини Албанците: од горди, достоинствени, до понижени и исклучени.

Граѓаните заслужуваат достоинствено и чесно претставување и конкретни резултати, а не измами, манипулации, скандали и корупција.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа неколку лица од Скопје во различни случаи – Полицијата трага по нив

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЗНАЧИТЕЛНО СЕ МЕНУВА, СИНОПТИЧАРИТЕ СО НАЈНОВА ПРОГНОЗА – Детални податоци за следните 4 дена

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазени две малолетни девојчиња, итно пренесени во болница

ДЕСК