Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши комплетно асфалтирање на дел од улица „2“ во населба Илинден.
Со вградување на нов асфалтен слој на дел од улица „2“ во должина од 520 метри и широчина од 6,5 метри, се реализираше реконструкцијата на главниот влез на општината како и најфреквентен сообраќаен патен правец во населба Илинден. Со активностите беше опфатено целосно вадење на стариот асфалт, реконструкција на најоштетените делови од делницата, санација на споевите на улицата и надвозникот, како и вградување на нова асфалтна површина. На овој потег, претходно беше изградена пешачка патека во должина од 450 метри.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека реализацијата на овој проект е од особено значење бидејќи улицата е главна сообраќајна артерија во општината и е од круциојално значење за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во населбата и општината.
Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а Општината ќе продолжи со ваквите проекти кои се од особено значење за сите граѓани./фото Општина Илинден
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...