14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Над 40 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија за ранливите граѓани

„Да преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Повеќе од 40 милиони денари се предвидени.“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична енергија.

Мицкоски нагласи дека Македонија има најниска цена на електричната енергија, што не е случај со државите од соседството кои што имаат зголемување на цената на струја од 15, 20 па и 30 проценти.

„Но, она кое што исто така можам да го кажам во многу период на регулирање на електричната енергија откако е оваа Влада 14 месеци, ние немаме покачување на електричната енергија за домаќинствата што не е случај во околината.

Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена, 15,20 па во некои држави од соседството и 30 проценти. Така што и според Евростат и според сите параметри ние сме држава во Европа која што има најниска цена на струја за или една од двете, трите најниски цени за електрична енергија за домаќинствата.“, посочи премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Трипуновски по средба со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија: Поддршката на кампањата „Македонско најдобро“ е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија

ДЕСК