Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ незнаејќи како да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра се дозакопа уште подлабоко.
Лицето што денеска на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ го спомена, разрешениот судија Лазар Нанев, токму Тошковски го вработи во МВР пред еден месец, како инспектор во Кавадарци.
И покрај тоа што се води кривична постапка против разрешниот Лазар Нанев.
Значи Валентин Манасиевски требало да го праша Панче Тошковски зошто го избрал токму Нанев?
Младиот Валентин може да го праша и актуелениот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоранчо Јованчев, каква е нговата поврзаност со Нанев?
Дали неговиот син токму во тоа време кога се случил скандалот, бил на шетање по европските земји преку невладината организација на Лазар Нанев?
Очигледно некој во ВМРО-ДПМНЕ сака да го излизга Манасиевски и во очите на јавноста да изгледа смешен и очаен но тоа е нивни внатрешен проблем.
ВМРО-ДПМНЕ да не се губи на катастрофални прес конференции туку да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов, а Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ да обезбеди процесуирање на сите инволвирани лица.
Европските пари наменети за младите, образованието со ДПМНЕ станаа извор за партиски профит и корупција.
Одговорност мора да има и тоа веднаш.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...