Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Бесплатни униформи за сите основци и ранчиња со училишен прибор за сите првачиња

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски ја продолжуваат грижата за учениците, обезбедувајќи им најдобри и најсовремени услови за учење и престој. Учениците во сите општински основни училишта на територија на Центар, учебната 2025-2026 година ќе ја почнат во училишни униформи коишто за првпат се воведуваат, а сите запишани првачиња ќе добијат и ранчиња со училишен прибор.

„Приближно 4.700 ученици, од прво до деветто одделение од центарските училишта годинава ја почнуваат со униформи кои ќе бидат бесплатни за децата. Со овој чекор ги подобруваме условите во училиштата и вложуваме во поквалитетно образование. Покрај воведувањето на униформи, но и бесплатни ранчиња со училишен прибор за првачињата, исто така ги подобруваме условите и преку реконструкција на училиштата. Во тек е реновирање на трите општински основни училишта „11 Октомври“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Миладинов“ за да им овозможиме на учениците подобра настава“, вели градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција

ДЕСК

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

ДЕСК

Започна реконструкција на дел од улицата “Јуриј Гагарин” во Козле

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.