6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британски весник тврди дека има ексклузива: „Зеленски би можел да се согласи со клучното барање на Путин“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно разгледува едно од клучните барања на Владимир Путин за прекин на војната во Украина.

Војната во Украина не стивнува, но во дипломатските кругови се зборува за сценарија што би можеле да ја завршат.

Според британскиот Телеграф, Украина би можела да се согласи на прекин на огнот и да отстапи територија што веќе е под нејзина контрола на Русија.

Според британскиот весник, Володимир Зеленски им рекол на европските лидери дека мора да го отфрлат договорот предложен од Доналд Трамп, според кој Украина би ѝ предала дополнителна територија на Русија. Сепак, на Русија би можело да ѝ се дозволи да задржи дел од земјата што ја зазела, пренесува Дневник.

Можеби ќе ве интересира

Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

C +

Индија и Кина воведуваат директни летови за прв пат по пет години

C +

Украинците погодија нафтено складиште на Крим, избувна огромен пожар

C +