6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан

Утре, среда, 13 август, со почеток во 19:00 часот, сите деца кои се во Скопје ќе имаат можност да бидат дел од незаборавна спортска дружба со познатиот македонски атлетичар Кокан Ајановски. Настанот ќе се одржи кај скалите под Хотел „Парк“ на Кејот на Вардар, во организација на Општина Центар, како дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“.

Градоначалникот Горан Герасимоски порачува дека децата ќе се запознаат со атлетиката како спортска дисциплина, ќе трчаат заедно со Кокан и ќе поминат исполнета вечер со спорт, насмевки и нови пријателства.

„Ги охрабрувам сите родители да ги донесат своите деца на Кејот на Вардар, заеднички да поминеме една убава вечер исполнета со активности што инспирираат и мотивираат. Утрешната атлетска дружба со Кокан е совршена прилика за нив да се движат, да се забавуваат и да создадат спомени што ќе ги паметат. Ве чекаме утре во 19.00 часот на скалите под Хотел Парк“, вели Герасимовски.

Проектот „На одмор сум, во Центар сум“, кој веќе стана традиција, нуди разновидни спортски, рекреативни и културни активности за учениците кои не заминале на летен одмор, со цел да се поттикне активен и креативен начин на живеење.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

C +

Филипче: Додека СДСМ нуди проекти, ВМРО-ДПМНЕ тоне во безидејност и црна пропаганда

C +

Филипче: Ако СДСМ испорача резултати за две години, зошто ВМРО-ДПМНЕ бара алиби дека немале време?

C +