11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Возеле пијани, на црвено, без возачки дозволи … над 1100 казни за еден викенд

Во деновите од изминатиот викенд (09./10.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 459 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 192 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 38 лица кои некористеле сигурносен појас, 28 заради користење мобилен телефон при возење, четворица минале на црвено светло, а пет возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

Исто така, а согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Македонија под сач, пеколните температури продолжуваат: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

ДЕСК

ДКСК потсети на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

ДЕСК