Легендарната југословенска и хрватска пејачка Габи Новак почина на 90-годишна возраст, објави „Јутарњи лист“.
Габи Новак почина во понеделник наутро, а во последните недели се бореше со пневмонија, а по закрепнувањето, по враќањето во домот за стари лица, почина, објави „Јутарњи“.
„Таа замина тивко, а со нејзиното заминување беше како музиката да стивна“, велат нејзините пријатели.
Габи Новак беше југословенска и хрватска поп пејачка од хрватско-германско потекло. Родена е во 1936 година во Берлин.
Пред само два месеци почина синот на Габи Новак и Арсен Дедиќ, Матија Дедиќ.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...