13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

“ПАДНА” НАЧАЛНИКОТ КОЈ САКАШЕ НА НОСИЛКИ ДА НОСИ БОЛНА ЖЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – Внатрешна контрола откри непрофесионалност, ќе биде разрешен

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка, велат од МВР.

Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.

МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните, соопшти полицијата.

Инаку да потсетиме дека во петокот навечер се случи драматичен скандал во Демир Хисар, кој беше и снимен, кога началник за време на претрес кај директорка на средно училиште, и покрај укажувањето на лекарите, сакаше да ја носи на носилки болната жена во полициска станица на информативен разговор, на што нејзиниот адвокат му укажа дека нема право на тоа, со оглед дека налогот предвидува само претрес.

Можеби ќе ве интересира

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето во Тетово

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

ДЕСК

ЧУВАЈТЕ СЕ: Продолжуваат пеколните температури и следните денови – Метеоцентар со детална прогноза за неделава

ДЕСК