8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Приведени четири возачи на подрачје на СВР Куманово и СВР Битола затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 10.08.2025 ви 02:11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта.

На 08.08.2025 во 21:00 часот на автопатот Скопје – Куманово, од слобода бил лишен Б.С.(46) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта.

На 10.08.2025 во 02:55 часот, при сообраќајна контрола во Битола, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“, кое го управувала М.А.(25) од Битола, и при извршена контрола било констатирано дека го управувала под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.

Додека на 08.08.2025 во 23.26 часот, полициски службеници од ОВР ресен го лишиле од слобода Б.Д.(43) од с.Ливада, струшко. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „форд“, кое го управувал Б.Д., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „бзобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.