10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар, кај мостот Ростушки, е нормализиран.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:45ч. сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје е нормализиран.

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

“ПАДНА” НАЧАЛНИКОТ КОЈ САКАШЕ НА НОСИЛКИ ДА НОСИ БОЛНА ЖЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – Внатрешна контрола откри непрофесионалност, ќе биде разрешен

ДЕСК

Николовски: Политиките на ДПМНЕ го клекнаа земјоделството на колена, СДСМ обезбедуваше реална поддршка за земјоделците

ДЕСК

Трагедија: Пронајден починат 45. годишен скопјанец во куќа во гевгелиско

ДЕСК