15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се очекува Гаши денеска да ги распише изборите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда.

Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.

Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.

На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

ДЕСК

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

ДЕСК

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.