8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита.

20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита. Ресорното министерство заедно со синдикатите потпиша нов колективен договор со кој освен што ќе се зголемат платите, ќе се подобрат и работните услови, правната сигурност и социјалниот дијалог.

Со ребалансот на Буџетот за 2025 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека ќе се зголемуваат платите и пензиите. Ако порано парите исчезнуваа од Буџетот и никој не одговараше за истото, сега се прави јасна дистинкција дека парите завршуваат во џебот на граѓаните.

Да потсетиме дека освен ова зголемување од 20% во делот на социјалната заштита, претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330 илјади пензионери, за вкупно 7 илјади денари.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените!

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК