Комбе кое ги превезуваше членовите на бендот „Амадеус“ рано утрово излета од патот, но никој од музичарите не е повреден.
Членот на бендот „Амадеус“, Александар Станимировиќ-Аца Амадеус, сподели на Инстаграм дека комбето излетало од патот и се превртело, но истакна дека никој од членовите не е повреден.
„Среќата нè следеше вечерва, исто како што нè следеше сите овие 25 години. Фала му на Бога што никој од бендот не е повреден… да продолжиме понатаму“, напиша Александар.
Тој објави фотографија од превртеното комбе, што предизвика голема загриженост кај луѓето кои веднаш почнаа да одговараат и да реагираат на оваа објава прашувајќи дали сите се добро.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...