Сами Шин, ѕвездата на „Онли фанс“ и ќерка на Чарли Шин и Дениз Ричардс, тврди дека речиси станала жртва на трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација..
Таа рече дека била во ресторан со пријатели и дека било доста доцна. Кога го напуштиле, поминале пет минути на паркингот, каде што се фотографирале.
„Од никаде еден човек ни пријде барајќи пари. Јас реков: „Жал ми е. Немам пари со мене“, рече таа. Додаде дека тој станал упорен.
„Реков: „Извини, не“, а тој рече: „Добро, добра ноќ“, рече таа, додавајќи дека веднаш потоа, друг маж ѝ се приближил неа и на нејзината пријателка.
„Штом го видов, имав најлошо чувство во стомакот. Сакав веднаш да си оди оттаму“, продолжи таа, наведувајќи дека зборувал шпански и дека таа не можела да го разбере.
„Потоа тој посегна во задниот џеб, а јас ја отворив торбата и извадив солзавец, а тој го виде и полуде“, изјави таа. Со нејзината пријателка успеале да избегаат и да се заклучат во автомобилот.
Тие веруваат дека двајцата мажи работеле заедно. Кога се вратила дома и ги погледнала фотографиите, сфатила дека еден од нив цело време ги набљудувал.
„Обично сум многу свесна за околината и не го забележав овој човек. Дури и да беше безопасен, подобро е да бидам безбедна, иако не мислам дека воопшто имал добри намери“, рече таа./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...