7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Масовна физичка пресметка и пукање заврши со еден ранет – Детали за драмата кога петмина му дошле во дворот и го нападнале семејството, а причината била недоразбирање во сообраќајот

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесено 25 годишно момче од Скопје.

Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот, по што соседот физички го нападнал.

Како што е пријавено, после тоа соседот и четири лица влегле во дворот на сега ранетиот и физички ги нападнале и неговиот татко и брат , при што соседот извадил пиштол, пукал и го погодил 25 годишникот во градниот кош и раката.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК