8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Претреси во Кочани и Штип, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи лице (43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а мажот е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на лице (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. мажот е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Штип, полициски службеници од СВР Штип извршија претрес во дом кај маж(39) од Штип. При претресот е пронајдена марихуана и дробилка. Осомничениот е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК

ГАЛЕРИЈА: Еве колку народ се насобра на трибината на СДСМ и коалицијата во Прилеп

ДЕСК

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.