6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со видеото што беше објавено на социјалните мрежи, а на кое едно лице качено на хауба се вози на улица.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени пријави против двајца млади скопјани откога на социјалните мрежи се појави видео од опасна и непромислена „возачка забава“ на скопските булевари.

Во видеото се гледа како едно лице стои на хаубата од автомобил во движење, а возачот, покрај тоа што управува без дозвола, вози и без регистарски таблички.

Станува збор за 20-годишниот С. З. и за 19-годишниот Р. Ѓ., двајцата од Скопје. Против нив се поднесени пријави по неколку основи, вклучително и управување без возачка дозвола, загрозување на сопствената и на туѓата безбедност, како и дозволување управување на самото без дозвола./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава

ДЕСК

ПОВТОРНО ДОАЃА ТОПЛОТЕН БРАН: Температурите ќе достигнат до речиси 40 степени, а синоптичарите објавија ажурирана четиридневна прогноза

ДЕСК

Вчера претрес во Кисела Вода запленет кокаин

ДЕСК