6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, кривична пријава и притвор за едно лице

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци.

На 04.08.2025, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во неговиот дом и дворно место во село Стојаково, при што биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2.80м, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои предмети со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија и било изведено пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

Третина од контролираните субјекти биле со неправилности – УЈП напиша 66 глоби, затвори неколку објекти кои го повториле делото

ДЕСК

Расчистено убиство во Кавадарци, поднесена кривична пријава против лице кое си го убило братот

ДЕСК

Алиу-Јаневска: Почеток на формално основно образование во болнички услови за децата на долготрајно лекување, со цел континуиран воспитно–образовен процес

ДЕСК