4. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Со овој Меморандум се воспоставува рамка за заедничка соработка со цел унапредување на капацитетите на институциите во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Соработката ќе се реализира преку поддршка на работната група формирана од Владата за воспоставување на механизам за проверка на странските директни инвестиции и на потесната работна група за подготовка на нацрт-законот во оваа област, како и преку учество на претставници во проектни активности, конференции и работилници. Дополнително, ИДСЦС ќе обезбедува стручна и експертска поддршка во подготовката на преговарачката позиција за Поглавје 30 – Надворешни односи, особено во делот за проверка на странските директни инвестиции и имплементацијата на законските решенија.

Меморандумот предвидува и заеднички активности за поддршка на спроведувањето на обврските од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024–2027, како и промовирање на придобивките од реформите пред јавноста и засегнатите страни.

„Европската интеграција е процес кој бара силни институции, транспарентни процедури и партнерства засновани на знаење и експертиза. Со оваа соработка го зајакнуваме мостот помеѓу креаторите на политики и експертската заедница, со цел побрза и поквалитетна интеграција во Европската Унија“, истакна министерот Муртезани.

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме го зафати и струмичкиот и кочанскиот регион

ДЕСК

НЕВРЕМЕТО ДОБИВА НА ИНТЕНЗИТЕТ ВЕЧЕРВА И УТРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Темни облаци над Скопје – Град со големина на орев погоди делови од Карпош

ДЕСК