4. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Обид за убиство ја потресе Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Б.(36) и Д.У.(37), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение дека В.Б. сторил кривично дело ,,убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а второпријавениот Д.У. сторил кривично дело „убиство“ во обид предвидено во член 123 став 1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на двајцата им определи мерка притвор од 30 дена, по што се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Охрид з аиздржување на мерката. На 02.08.2025 во 22.20 часот пред продажен објект на улица „Марк и Енгелс“ во Струга, Д.У. физички го нападнал А.А. (31) од селото Корошишта, додека В.Б. со нож му нанел неколку убоди во пределот на стомакот, а А.У.(38) од истото село го повредил во пределот на раката.

Со интервенција на полициските службеници, напаѓачите веднаш беа лишени од слобода и задржани во ОВР Струга.

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме го зафати и струмичкиот и кочанскиот регион

ДЕСК

НЕВРЕМЕТО ДОБИВА НА ИНТЕНЗИТЕТ ВЕЧЕРВА И УТРЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Темни облаци над Скопје – Град со големина на орев погоди делови од Карпош

ДЕСК