Centar.mk
Screenshot
-МАКЕДОНИЈА

Винички полицаец се повредил додека ракувал со пиштол во апартман во Охрид – итно е пренесен во болница

На 02.08.2025 во 12.22 часот во СВР Охрид е пријавено дека полицискиот службеник лице (22) од Виница, кој бил сместен во апартман во охридска населба и не бил работно ангажиран, се повредил при ракување со службено оружје-пиштол.

Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде била констатирана прострелна рана во левата рака.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

error: Соддржината е заштитена.